Правила на наградниот натпревар „Животинско царство – Дигитален албум“

Член 1

Организатор на наградниот натпревар насловен „Животинско царство – Дигитален албум“ е KRAŠ prehrambena industrija d.d., Равнице 48, 10000 Загреб, Хрватска, OIB: 94989605030, во натамошниот текст: Организатор. Натпреварот се организира со цел промоција на производите и Организаторот.

Член 2

Наградниот натпревар се одржува во периодот од 22.09.2016 година до 31.12.2026 година, со можност за продолжување на времетраењето на натпреварот, во кој случај продолжувањето ќе биде утврдено со измени на овие Правила.

Член 3

Овие Правила на наградниот натпревар, како и сите нивни измени и дополнувања, ќе бидат објавени на веб-страницата https://digitalni-album.igraoni.ca.

Со објавувањето од став 1 на овој член се смета дека сите учесници се навремено известени за промените на Правилата.

Член 4

Право на учество во натпреварот имаат сите физички лица со постојано и/или привремено живеалиште на територијата на Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Словенија, Северна Македонија, Косово, Малта, Чешка и Словачка.

Малолетните лица имаат право да учествуваат во наградниот натпревар исклучиво со претходна согласност од родител или друго лице кое е законски застапник на малолетникот.

Согласно со закон, малолетниците можат да бидат добитници на награди и да ја примат освоената награда под условите утврдени со закон, односно доколку законските застапници на малолетниот добитник ја прифатиле наградата, со што дале согласност со овие Правила, и ја преземаат во име на малолетникот.

Член 5

За учество во пополнувањето на дигиталниот албум „Животинско царство“ потребно е да се креира корисничка сметка на www.igraoni.ca.

За секој внесен код од омотот на чоколадото „Животинско царство“, „Животинско царство Junior“ и омотната хартија на чоколадната лижавка „Lizli“, учесникот во наградниот натпревар добива 2 (две) исти сликички – на пример, две сликички од колумбиски удав. Сликичките што се добиваат при внесување на кодот се избираат по случаен избор. Сите дупликати на сликичките може да се разменуваат со други играчи/учесници во апликацијата „Дигитален албум“.

Со играње на квизот на знаење, учесникот може да освои сликички. За секој точен одговор, учесникот добива 2 (две) исти сликички. Максималниот број сликички што може да се освојат со играње на квизот е 20 (дваесет).

За да се пополни целиот дигитален албум, потребно е да се соберат сите 250 (двесте и педесет) различни сликички. За секој пополнет албум, корисникот добива 1 (еден) златник. Со преостанатите дупликати на сликичките, учесникот може да пополнува нов албум и на тој начин да пополни повеќе албуми. Златниците може да се заменат за награди што може да се најдат во апликацијата.

За секој неискористен код од апликацијата „Најголемиот албум на светот“, учесникот ќе добие 2 (две) исти сликички во апликацијата „Дигитален албум“.

Учесникот се согласува Организаторот да го контактира во случај на освојување награда, користејќи ги неговите лични податоци за чија обработка учесникот дал согласност.

Во случај на недостапност на добитникот на наградата поради неточни лични податоци или недостапност на добитникот од други причини за кои Организаторот не е одговорен, престануваат сите обврски на Организаторот на наградниот натпревар кон добитникот, освен обврските од член 8 од овие Правила, сè до бришењето на личните податоци.

Член 6

Добитниците на наградите немаат право да бараат поинакви награди од оние што се предвидени во рамките на овој награден натпревар и во апликацијата од став 4 на член 5 од овие Правила.

Наградите не може да се заменат за пари, други производи или услуги.

Член 7

Со преземањето на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на наградниот натпревар кон добитникот, освен обврските од член 8 од овие Правила, сè до бришењето на личните податоци.

Во случај на неможност или објективни тешкотии при доставувањето на наградите до добитниците на прекуокеанските пазари поради причини за кои Организаторот не е одговорен, Организаторот ќе го извести добитникот на наградата за тоа, со што престануваат сите негови понатамошни обврски кон добитникот на наградата.

Член 8

Организаторот се обврзува на заштита на личните податоци на учесниците во наградниот натпревар, согласно со Законот за спроведување на Општата регулатива за заштита на личните податоци.

Организаторот се обврзува да ги обработува само неопходните лични податоци на учесниците, потребни за целите на спроведување на наградниот натпревар.

Учесникот во наградниот натпревар ќе може да даде согласност за обработка на личните податоци при регистрацијата на корисничката сметка на www.igraoni.ca, со означување на за тоа предвиденото поле.

Учесникот има право во секое време да ја повлече согласноста од претходниот став и да побара престанок на понатамошната обработка на неговите податоци.

Личните податоци на учесниците во овој награден натпревар се чуваат една година по завршувањето на наградниот натпревар, по што Организаторот се обврзува да ги избрише.

Член 9

Организаторот го задржува правото да го прекине натпреварот во случај на настанување околности за кои Организаторот не е одговорен, односно кои не можел да ги спречи, отстрани или избегне, односно кои согласно со закон претставуваат виша сила, во кој случај се ослободува од сите евентуално настанати обврски кон учесниците.

Член 10

Учесникот кој учествува во промотивниот награден натпревар ги прифаќа правата и обврските од овие Правила.

Организаторот го задржува правото да ги измени овие Правила, за што сите учесници ќе бидат навремено известени на начин предвиден во став 1 на член 3 од овие Правила.

Член 11

Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесникот во овој награден натпревар, надлежен е Трговскиот суд во Загреб.

Copyright © Kraš. All rights reserved